Skip to main content

Се уредува игралиштето на ФК Дојранско езеро

Како дел од активностите за чистење и уредување на јавните површини, Општина Дојран деновиве го уреди и теренот на фудбалското игралиште, каде што се натпреварува тимот „Дојранско Езеро”. 

– Со оваа активност создаваме подобри услови за публиката, но и придонесуваме за поуреден и поубав изглед на нашиот спортски терен, велат надлежните.

Сите активности општината ги спроведува со помош на новата механизација за одржување на јавните површини која ја доби неодамна.

Поврзани вести