Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ звучи како евтин АИ – многу зборови, но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова народот би рекол: тропаат како „Максим по дивизија“. Сè одеднаш, без ред, без аргумент и без цел.

Но заради почит кон јавноста должност сме да кажеме дека партијата која 7 години ветуваше ЕУ „утре“, денес зборува за реформи кои сама не ги направи.Партијата која го урниса правосудството, денес држи лекции за владеење на право, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму додаваат дека партијата која ја заглави државата, денес зборува за „изолација“.

Наместо одговори за тоа зошто не ги реализираа реформите, зошто немаа резултати и зошто ја оставија државата без напредок кон ЕУ, СДС нуди конфузија и празни тези“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести