Skip to main content

Американските напади би можеле да завршат за неколку дена или недели, поради недостиг на муниција

Американските напади врз Иран би можеле да траат само уште неколку дена или недели поради ограничените залихи на клучна муниција, предупредува експерт во анализа за Блумберг.

Според Сет Г. Џонс од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), американските залихи на ракети со долг дострел и одбранбени ракети веќе биле на ниско ниво дури и пред најновите напади врз Иран, што би можело да го принуди Вашингтон да ја намали својата улога во конфликтот.

Овие ограничувања би можеле да ја скратат сегашната фаза од војната во која САД се директно вклучени, иако Џонс очекува Израел да продолжи со повремени напади врз Иран онолку долго колку што смета дека е потребно.

„Зборуваме за денови или недели“, рече Џонс во интервју за Блумберг.

„Мислам дека е многу малку веројатно дека оваа фаза ќе трае многу подолго бидејќи воено едноставно не може. Недостасуваат залихи – додаде тој.

Џонс истакнува дека и Вашингтон и Техеран имаат причини за деескалација. Раководството на Иран ќе продолжи да биде цел, а воените капацитети на земјата дополнително ќе ослабнат како што продолжува војната. Во исто време, исцрпените американски залихи, верува тој, веројатно ќе го принудат американскиот претседател Доналд Трамп значително да ги намали операциите против Иран.

Израел може да продолжи со нападите без САД

Инаку Џонс раководи со Одделот за одбрана и безбедност во CSIS, каде што се фокусира на прашања од националната безбедност, вклучувајќи го Иран и поширокиот Блиски Исток.

Тој е убеден дека дури и ако САД ја намалат својата улога, војната можеби нема да заврши наскоро. Џонс очекува Израел да продолжи со повремени напади врз Иран, слично како што правеше со години против Хезболах во Либан.

САД може да му дозволат на Израел да ја заврши поголемиот дел од работата во Иран. Така го гледам овој конфликт во моментов, рече Џонс.

Ормускиот Теснец може да се отвори, но со услови

Крајот на оваа фаза од војната би можел да биде прв чекор кон повторно отворање на Ормускиот Теснец и намалување на цените на нафтата, но безбедното поминување на танкерите ќе зависи од преговорите со Иран.

„Не знам што ќе бара Иран за возврат за дозвола на минување“, рече Џонс, додавајќи дека Техеран би можел да постави услови што одат подалеку од запирање на воздушната кампања меѓу САД и Израел.

Цените на нафтата нагло пораснаа од почетокот на војната. Нафтата од типот Брент се тргуваше над 108 долари за барел во Њујорк во средата попладне, или околу 100 евра, што претставува сериозен политички проблем за републиканците пред изборите во 2026 година.

Цените на бензинот во САД го достигнаа највисокото ниво од септември 2023 година.

Европа не може многу да помогне во ситуацијата

Додека Трамп ги критикуваше сојузниците во НАТО за одбивањето да помогнат во обезбедувањето на преминот на танкери низ Ормускиот Теснец, Џонс не е убеден дали европските морнарици можат да понудат нешто повеќе од она што САД веќе го имаат во регионот.

Поврзани вести