Skip to main content

Во Србија годишно се поднесуваат до 400 барања за азил

Србија комесаријат за бегалци/

Од 2008 година до денес, во Србија азил добилe 261 лице, а интеграцијата останува еден од клучните предизвици на современите системи за азил, изјави српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ.

На конференцијата „Од прием до интеграција: зајакнување на системот за поддршка и размена на искуства“, таа истакна дека на годишно ниво помеѓу 300 и 400 лица аплицираат за азил во Србија, а помеѓу осум и 10 барања се одобруваат.

„Во изминатите години, Србија значително го подобри својот пристап во областа на интеграцијата, што вклучува поддршка во пристапот до образование, пазар на труд и социјални услуги, така што лицата со призната заштита стануваат активни и рамноправни членови на општеството“, додаде Станисављевиќ во писмена изјава.