Skip to main content

Арагчи: Вистината за тоа што се случи на 26 февруари на преговорите со САД ќе им стане јасна на сите

X / Seyed Abbas Araghchi
X / Seyed Abbas Araghchi

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, изјави оти се надева дека вистината за тоа што се случувало на 26 февруари на преговорите меѓу Иран и САД во Женева наскоро ќе им стане јасна на сите во светот.

Арагчи истакнува дека двете страни биле многу блиску до постигнување договор, но и покрај тоа, почнале израелско-американските напади врз Иран само ден подоцна.

Не знам што му пријавиле претставниците на американската делегација на својот лидер. На 26 февруари, кога се сретнавме во Женева, успеавме да постигнеме добар напредок“, вели Арагчи.

Иранскиот министер додава дека САД и Израел сакаат да ја оправдаат неоправданата агресивна акција против негоата земја, па затоа бараат изговор.

Никогаш не реков дека имаме намера да направиме бомба. Реков дека имаме 440 килограми 60% збогатен материјал, а тоа воопшто не беше тајна. Реков дека доколку овој материјал биде дополнително збогатен, според меѓународните експерти, би можел да биде доволно за да се изградат околу десет бомби. Потоа нагласив дека сме подготвени да го предадеме овој материјал, подготвени да го разредиме и да го намалиме неговото ниво на збогатување. Не знам како ги протолкуваа овие зборови. Можеби поради недостаток на доволно знаење или можеби затоа што сакаа, како што реков, да ја оправдаат агресивната акција и го открија своето вистинско лице“, истакна Арагчи.

Поврзани вести