Skip to main content

Украина го гранатира гасоводот „Турски тек“, Унгарија реагира: Сакаат да влијаат на унгарските избори

wolfgang-weiser-on-unsplash

Украинските вооружени сили нападнале објекти на „Газпром“ кои ја одржуваат работата на гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“.

Нападот бил извршен врз компресорската станица „Рускаја“ во Краснодарскиот крај. Еден ден претходно беа нападнати и станиците „Берегова“ и „Казачја“. „Газпром“ соопшти дека сите напади биле одбиени.

Целта на нападот беше да се запре снабдувањето со гас за европските потрошувачи“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Со своја реакција по ваквите напади се огласи и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој изјави дека Украина го таргетира гасоводот „Турски тек“ со цел да влијае на унгарските избори. Во своето обраќање, унгарскиот министер ги повика украинскиот претседател Володимир Зеленски и Украинците да престанат со нападите врз енергетската инфраструктура.

Тукушто разговарав со рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, кој ме информираше дека Украина извршила серија напади врз критичната инфраструктура на гасоводот Турски тек во Русија. Украина веќе ги блокира испораките на нафта за Унгарија, а сега ги таргетира и испораките на гас. „Турски тек“ е од витално значење за Унгарија. Доколку гасоводот биде нарушен, сигурното снабдување со гас на Унгарија и голем број земји во Централна и Југоисточна Европа ќе биде загрозено.

Сосема е јасно што се случува. Останува еден месец до изборите во Унгарија, а Украина се обидува да воведе целосна енергетска блокада на Унгарија за да се меша во изборите и да ја поддржи партијата Тиса. Ги повикуваме Зеленски и Украинците да престанат да ја напаѓаат енергетската инфраструктура клучна за снабдувањето на Унгарија и да престанат да се мешаат во нашите избори!“, порача Сијарто.

Поврзани вести