
Архив на траги: Од уметност до умешност
Самостојна изложба на визуелниот уметник Аммар Качар
13 март (петок) I 20:00 часот
Изложбата може да се посети од 12 до 18 март, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот
Архив на траги: Од уметност до умешност е уметничка изложба на визуелниот уметник Аммар Качар, која истражува како отпадните материјали можат да се трансформираат во уметност и функционален дизајн. Проектот се базира на рециклирање на камионски тенди – индустриски материјали кои, низ процес на рачна интервенција, вез и трансформација, стануваат носители на нова естетска и симболична вредност.
Инсталацијата комбинира текстилна уметност, моден дизајн и просторна поставка. Инспирирана од облаците и урбаните силуети на Скопје, таа ја истражува врската помеѓу материјалот, градот и човекот, како и трагите што времето и употребата ги оставаат врз предметите. Воедно, проектот го отвора прашањето кога уметничкиот објект може да премине во функционален дизајн и како еден предмет може истовремено да постои како уметност и како дел од секојдневниот живот.
Како дел од проектот, на 12 март ќе се одржи работилница со ограничен број учесници (8 лица), каде што посетителите ќе имаат можност директно да се вклучат во процесот на трансформација на материјалот.
Официјалното отворање на изложбата ќе се одржи на 13 март во 20:00 часот.
На 17 март ќе се одржи аудио/видео подкаст разговор Архив на траги: Од уметност до умешност, кој ќе биде дел од архивата на проектот и ќе ја документира приказната, процесот и идеите зад создавањето на делото.

Македонски

