Министерот за транспорт, Александар Николоски, оцени дека „како меур од сапуница“ се распрснала, како што рече, лагата за „мигранти за пари“, откако британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, изјави дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада.
Во објава на социјалните мрежи, Николоски посочи дека со Велика Британија Македонија има Договор за стратешко партнерство, како и договор „влада со влада“ за реализација на инфраструктурни проекти.
„Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите – брза пруга Табановце–Куманово–Скопје–Велес–Гевгелија–Солун, болници во Штип, Тетово и Кичево, како и соработка во одбраната и сајбер-просторот“, напиша Николоски.
Тој додаде дека фокусот во наредниот период треба да биде на реализација на проектите и продлабочување на соработката меѓу двете земји.