
На крајот на 2025 година е регистран рекорден обем на превоз на товар – 37 милиони тони, преку Северниот Морски Пат (СМП). Превозот на товар за годината бил за 15% поголем отколку во истиот период претхоната година, објави руската државна компанија „Росатом“.
Растот се должи, меѓу другото, на зголемувањето на транзитните текови, вклучително и контејнерскиот транспорт. До крајот на 2026 година се очекува нов рекорд во превозот на товар, чиј обем би требало да надмине 40 милиони тони.

Клучен фактор за зголемување на протокот на товар е развојот на инфраструктурата на СМП, не само на поморска, туку и на копнената, вклучувајќи изградбата на терминали и станици за претовар за сите видови стока.

Северниот Морски Пат е проект е трансарктички транспортен коридор, кој овозможува безбедна алтернатива на традиционалните логистички правци.

Македонски


