Skip to main content

Приведени двајца насилници во Штип и виничко: Едниот ја претепал сопругата, другиот се заканувал на партнерката

Фрипик

Секторот за внатрешни работи Штип во текот на изминатото деноноќие документираше два случаи на семејно насилство во регионот, по што две лица завршија во полициска станица.

Првиот инцидент е регистриран во Штип, каде полициски службеници го лишиле од слобода 38-годишниот С.Д. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга. На жртвата и биле констатирани повреди во Клиничката болница во Штип.

Вториот случај е евидентиран во виничко село, каде е приведен 59-годишниот Б.Т. од Виница. Како што информираат од полицијата:

На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода 59 годишниот Б.Т. од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 3 март агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото“, соопштуваат од СВР-Штип.

За двата настани е известен јавен обвинител. По комплетно документирање на случаите, СВР Штип ќе поднесе соодветни кривични пријави против сторителите.

Поврзани вести