Skip to main content

Се јави и Таче: Се жали на високите цени во маркетите

Поранешнот премиер Димитар Ковачевски смета дека законот се однесува на практиките на големите трговски ланци, односно супермаркети, во кои граѓаните секојдневно ги купуваат своите неопходни животни намирници, прехранбени производи, производи за широка потрошувачка.

Согласно одредбите наведени во законот, меѓу другите одредби како нефер трговски практики се наведени случаите кога трговскиот малопродажен ланец, колоквијално или народски кажано супермаркет или ланец на супермаркети, бара надомест за внесување нов земјоделски и прехранбен производ во продажната мрежа и за проширување на продажната мрежа на купувачот, бара надомест за уредување нови и преуредување на постојните продажни места на купувачот, како и и проширување на капацитетот за складирање кај купувачот, бара од добавувачот да се договорат фиктивни услуги кои нема да се извршат, а за кои единствена причина е одложување на рокот за плаќање кој веќе е договорен, рече Ковачевски.

Поврзани вести