Skip to main content

Во Македонија ќе се игра младинско светско ракометно првенство

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за играчи до 21 година, објави денес РФМ. 

Мундијалот ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

– Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани, додаваат од федерацијата.

РФМ изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување.

Поврзани вести