
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со телеграма, која ќе ја испрати уште денес, ќе ги извести сите полициски службеници дека треба да го повикаат на разговор секој што ќе биде посочен како можен сторител на семејно насилство, без разлика дали се работи за маж или за жена.
Полициско поставување во иднина посебно ќе биде фокусирано и на сторителите. За секој еден ваков случај каде што ќе имаме доза на сомнеж, па макар и на најмал сомнеж секој еден кој што ќе биде посочен дека е сторител на семејно насилство ќе биде повикуван во полициска станица на информативен разговор. Еве јавно го кажувам тоа, секој еден, без разлика дали е од машки пол, од женски пол којшто ќе биде посочен дека е сторител на семејно насилство, ќе биде повикан на информативен разговор во полициска станица. Секој еден. Денес ќе спроведеме телеграма до сите полициски службеници на територија на државата со која во рамки на полициското работење ќе дадеме инструктивни упатства. Тоа ни го дозволува Законот за полиција и врз снова на таков тип полициски дејствија ќе можеме да навлеземе во рамки на одредени оперативни активности кои ни се дозволени согласно закон“, рече денес министерот на прес-конференција на која соопшти детали за трагедијата во Карпош во која загинаа мајка и шестгодишно дете по пад од зграда само два часа по пријавата во полиција за несогласување меѓу сопружниците.
Министерот Тошковски ги повика сите граѓани кои ќе сведочат на семејно насилство тоа да го пријават во полиција. Најави дека за случајот во Карпош посебно ќе го истражат постапувањето на полицијата и повика на фокусирано постапување и од останатите институции, посебно од Центарот за социјални работи за да се подобрат состојбите во иднина.

Македонски

