
Словенечкиот ски-скокач Домен Превц со два извонредни скока (лета) стигна до победа на натпреварувањето на леталницата во Кулм, притоа во вториот постави и рекорд на леталницата со должина од 245,5 метри и со тоа го собори рекордот на неговиот брат Петер од 2016 година, кој имаше должина од 244 метри. Домен во првата серија имаше скок со должина од 238 метри.
Словенецот освои вкупно 463,2 поени и ова за него беше 22.победа во кариерата или 13.та сезонава
Второто место го освои Стефан Ембахер од Австрија, кој имаше скокови со должина од 240,5 и 225 метри и собра вкупно 438,4 поени. Место на подиумот избори Јохан Андре Форфанг од Норвешка, кој имаше „летови“ со должина од 225 и 224 метри.
Превц е лидер во Светскиот куп со 1814 бодови, пред Јапонецот Риоиу Кобајаши со 1053.

Македонски


