Skip to main content

Николоски: Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места

Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни местаВкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23,7% во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година, објави вицепремиерот Николоски.

Во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 илјади патници што покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска поддршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.

Поврзани вести