Skip to main content

Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането

Општина Сарај објави дека движењето по патеката Матка е забранет поради опасност од уривање на карпи.

Според општината, одлуката е донесена врз основа на актот на Дирекцијата за заштита и спасување (бр. 57-2071-1, од 19.02.2026 година), додека на опасните подрачја се поставени и предупредувачки знаци за паѓање камења.

Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување.

Властите ги повикуваат жителите, туристите и здруженијата што планираат активности во оваа област да ја почитуваат одлуката за нивна безбедност, нагласувајќи дека одговорноста во случај на непочитување паѓа на повредените лица.
The post Опасност од уривање карпи во Матка, движењето по патеката е забрането appeared first on Во Центар.

Поврзани вести