Skip to main content

Ѓоковиќ: Се чувствувам како Грк, но уште не сум добар со јазикот

По поразот во финалето на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ се врати во Европа. Најпрво присуствуваше на неколку настани на Зимските Олимписки игри во Италија, а потоа замина во Атина, каде што живее со своето семејство.

Престојот во грчката престолнина не помина незабележано. Ѓоковиќ присуствуваше на евролигашкиот кошаркарски натпревар меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда, но искористи време и за средба од поинаков карактер. Тој се сретна со грчкиот министер за миграции, Танос Плеврис, а нивната заедничка фотографија брзо се прошири на социјалните мрежи.

„Се чувствувам како Грк, но сè уште треба да научам грчки. Сè уште не сум многу добар во јазикот, не е лесно. Мојот план за оваа сезона е да останам здрав и среќен“, изјавил Ѓоковиќ.