Skip to main content

14. издание на 48- часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ!

И овој пат, скопскиот Глобал Гејм Џем ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три бордгејмови.

Темата за оваа година беше „Маска“, а истовремено се случуваше во 132 земји во светот, каде глобално учествуваа 474,517+ учесници, а се креираа 101,246+ игри.

Global Game Jam се случува секоја година, на последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.

Наградите отидоа во тастатурите, маусите, пен таблетите и звучните карти на следните тимови – игри:

Најдобра игра на GGJ26Skopje: CBT – SAM
Награда „Епско кодирање“: The Unfortunate 7 – Dalewood’s Masquedare
Награда „Пиксел перфект изведба“: Elon Mask – Mask of Life
Награда „Мик Гордон“ за гејм-џем саундтрак: Team Nespieny – Disguised Gladiators
Најдобра друштвена игра (board game): Luku Kroko – Warmask
Надежни џемери – ѕвезди во подем: Lab Rats – Masked Descent

И се разбира најголема почит и благодарност до учесниците!, велат организаторите.


Global Game Jam е најголемиот светски џем за видеоигри – тридневен предизвик каде што учесниците во истиот период ширум планетата работат на создавање сосема нови видеоигри. Целта е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците да го споделат своето знаење и вештини.