
Челзи ги победи Вулверхемптон со 3:1 на гостински терен во 25 коло од Премиер лигата.
Кол Палмер постигна хет-трик за гостите. Дваесет и тригодишниот Англичанец постигна два гола од пенал во 13. и 35. минута, и уште еден од игра во 38. минута.
Толуваласе Арокодаре го постигна единствениот гол за домаќините (54. минута).
Челзи има 43 бода и е петти на табелата во англиската Премиер лига, додека Вулверхемптон е на дното на табелата со осум бода.

Македонски



