Skip to main content
Според пишување на шпанскиот „АБЦ“

Куба на тајни преговори со ЦИА: Укинување на ембаргото за отворање на економијата за американски комапнии

Куба води тајни разговори со ЦИА во Мексико за укинување на ембаргото на САД во замена за отворање на својата економија за САД, пишува шпанскиот „АБЦ“.

Според информации на весникот, од кубанска страна, преговорите ги води Александро Кастро Еспин – син на Раул Кастро и внук на легендарниот кубански лидер, Фидел Кастро.

Тежина на ваквите информации им дава тоа што Александро Кастро ги надгледува кубанските специјални служби, а амбасадор на САД во Мексико е ветеранот на ЦИА, Роналд Џонсон.

Според весникот, се смета дека целта на разговорите е да се најде начин за повлекување на кубанската власт во замена за безбедносни гаранции за семејството Кастро и кубанската елита.

Поради недостатокот на гориво, ситуацијата во Куба, според проценките на ОН, е веќе блиску до хуманитарен колапс.

Поврзани вести