Skip to main content

Руски ловци Су-35 го чуваат небото над Алжир

На социјалните мрежи се појави првата фотографија од руски борбени авиони ловци Су-35 со ознаки на алжирското воздухопловство.

Според неофицијални информации, станува збор за реализација на договор за купување на 24 ловци произведени во фабриката за авијација во Комсомолск на Амур.

Со добивањето на овој тип авиони, северноафриканската земја стана втор странски купувач на Су-35 по Народна Република Кина.

Алжир е активен корисник на разновидна воена опрема произведена во Русија, вклучувајќи ги и ловците Су-30МКА.

Неодамна, шефот на надлежното биро на американскиот Стејт департмент му се закани на Алжир со санкции поради купувањето руски ловци.

Поврзани вести