
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15.
Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот“, велат од МЖСПП.

Министерот Хоџа истакна дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати.
Целта е јасна, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина“, вели Хоџа.

Македонски


