
Шпанскиот фудбалски прволигаш Хетафе испрати официјална понуда да го доведе во своите редови поранешниот англиски репрезентативец Џејдон Санчо (26).
Договорот на Санчо со Манчестер Јунајтед истече на крајот од минатата сезона, но и покрај интересот на Хетафе, англиските медиуми наведуваат објавуваат дека евентуалниот трансфер би можел да биде многу комплициран.
Хетафе во моментов е на 14. место на табелата во Ла Лига, а претходно оваа недела во тимот пристигна и поранешниот долгогодишен фудбалер на мадридски Реал, Дани Карвахал.
Санчо одигра 23 натпревари за англиската репрезентација од 2018 до 2021 година, а на клупски план настапуваше за Борусија Дортмунд, Челзи и Астон Вила.

Македонски

