Skip to main content

Следната недела почнува НБА, Сан Антонио главен фаворит

Сан Антонио Спарс е главен фаворит за освојување на шампионската титула, додека нивниот центар Виктор Венбањама е прв кандидат за наградата за најкорисен играч (МВП), покажуваа резултатите од годишната анкета со која беа опфатени тренерите во НБА лигата.


Според анкетата, Венбањама има 77 отсто шанси да ја освои наградата МВП, завршувајќи прв во гласањето пред центарот на Денвер Нагетс и трикратен освојувач на наградата во минатите сезони, Никола Јокиќ (10 проценти) и Ентони Едвардс од Минесота Тимбервулвс (7 проценти).


Испитувањето покажува дека 50 проценти од вкупно 30. анкетирани тренери му даваат најголеми шанси за титулата на Сан Антонио, пред Оклахома (43 проценти).

Поврзани вести