
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да најде рамнотежа во односите со Москва.
Зборувајќи пред бизнисмени на прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, што е спротивно на неговите претходни, доста воинствени коментари за Русија.
„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, а зборувам за Русија, ако преовлада мирот и ако се обезбеди слободата, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме тестот и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.

Македонски





