
Со вчерашното прегласување заврштија локалните избори во Македнија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата.СДСМ во 6.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тоа не е случајно.
Тоа е јасен политички суд на граѓаните.Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија.По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици.Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција.

Според Мицкоски, проблемот во СДСМ е многу подлабок
Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција.Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните.Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади.СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови.Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија, додаде Мицкоски.

Македонски




