Skip to main content

Сенегал растура во Африканскиот куп на нации

 Сенегал го победи Судан со 3:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Стад Ибн Батута“ во Тангер, Мароко.

Папа Гуеје постигна два гола за Сенегал, а Ибрахим Мбаје додаде уште еден. Амир Абдалах го постигна единствениот гол за Судан.

Сенегал стана првата репрезентација што се пласираше во четвртфиналето на турнирот. 

Противник на Судан во четвртфиналето ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Мали и Тунис. Натпреварот ќе се одржи на 9 јануари во Тангер

Поврзани вести