Skip to main content

Мирза Селимовиќ ја отвора Новогодишната празнична програма во Крива Паланка

Крива Паланка свечено ја отвора новогодишната празнична програма со спектакуларен концерт на еден од најпопуларните регионални поп-изведувачи – Мирза Селимовиќ.

На 27 декември 2025 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, Градскиот плоштад ќе биде центар на празничната еуфорија, каде што публиката ќе има можност да ужива во жив настап на уметникот, чии емоционални балади и хитови ги освојуваат сцените низ целиот Балкан.

Концертот на Мирза Селимовиќ е дел од официјалното отворање на Новогодишниот базар во Крива Паланка, кој ќе понуди богата празнична атмосфера, со светлосни декорации и содржини за сите генерации. Настанот најавува незаборавна вечер исполнета со музика, емоции и заедничко празнично прославување.

Општина Крива Паланка најавува прекрасна забавна вечер што не се пропуша и упатува отворена покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од најсветлиот и најемоционален почеток на новогодишната магија во Крива Паланка.