Skip to main content

Британскиот амбасадор Лосон во протоколарна посета на Прилеп

При денешната протоколарна средба меѓу амбасадорот на Обединетото кралство Метју Лосон и прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски и  пратениците беа претставени можностите за соработка, беше отворена и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, соопштија од прилепската локална самоуправа по средбата.

Реализацијата на Договорот за стратешко партнерство опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, инвестиции што ќе донесат силен развоен импулс за Прилеп и поширокиот регион, стои во соопштението од локалната самоуправа на Прилеп.

На средбата со амбасадорот Лосон била претставена моменталната состојба и потенцијалите на општината, бизнис климата која се унапредува, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и сите поволности што во рамките на ингеренциите може да ги понуди локалната самоуправа на идните инвеститори.

На средбата, амбасадорот Метју Лосон ја презентирал работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во Прилепскиот регион.

Поврзани вести