Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ СО СТАВ

Судиите избрани во Зајас и Струмица ја спроведоа современата инквизиција по нарачка на Заев

СДС продолжува да ги штити криминалците во сопствените редови. да не ја замајуваат јавноста, време е да ги тргнат рацете од институциите и да ги остават судските органи да работат исклучиво по тоа како што налага законот.Тие се нервозни поради тоа што се открива криминалот од нивното раководење на државата, на нивните функционери кое ги уништи институциите и ја опустоши економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС треба да знае дека законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем.Власта на СДС беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

Судиите избрани во Зајас и Струмица ја спроведоа современата инквизиција по нарачка на Заев.

Судиите и обвинителите измеќари на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти.

Институциите мора да профункционираат а законот да важи еднакво за сите. Време е правото и правдата да профункционираат во државата.

Поврзани вести