
Можноста за уште една средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е на дневен ред, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју објавено денеска за списанието „Интернешнал лајф“.
-Не би исклучил ништо. Прашањето за одржување уште една средба меѓу лидерите е на дневен ред. Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува, одговори високиот дипломат на прашањето дали може да се очекува нов руско-американски самит на краток или среден рок.
На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека двајцата се согласиле наскоро да се сретнат во унгарската престолнина. Средбата потоа беше одложена. Москва и Вашингтон изјавија дека ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.

Македонски








