Skip to main content

ЦУК: Обилните врнежи предизвикаа зголемувања на водостоите на реките и одрони на патишта

Обилните врнежи од дожд во последното деноноќие предизвикаа значително зголемување на водостоите на реките низ земјава доведувајќи до локални излевања, поплавени објекти и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги извести сите надлежни институции, кои веќе преземаат мерки за санација и заштита.

Според информациите од УХМР, во Битолскиот Регион има излевање на реката Шемница кај село Лера, при што се поплавени една куќа и неколку штали. Дополнително, во Општина Новаци, поради надојдената Црна Река, во прекин е патот кон рудникот Брод–Гнеотино.

Во Преспанскиот Регион регистрирани се поплавени куќи поради излевање на реките во селата Царев Двор и Дрмени. Постои и опасност од излевање на Голема Река.

Охридскиот Регион, како што велат од ЦУК, исто така, се соочува со значително покачени водостои, излевања на повеќе места и ризик од поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.

Во Велешкиот Регион, реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица. Регистрирани се и одрони и паднато дрво на два патни правци.

Кратовски Регион има зголемени водостои, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин – Пробиштип.

Во Скопскиот Регион, како и Тетовскиот засега има само зголемено ниво на речните корита, без пријавени излевања.

Од УХМР предупредуваат дека висок водостој е забележан на реката Сатеска во Охридско.

Најмногу врнежи во изминатото деноноќие се измерени во Претор – 66 литри на квадратен метар, Крушево – 37, Битола – 30 и во Прилеп имало 26 литри на квадратен метар.

ЦУК информира дека сите надлежни служби се на терен и се преземаат мерки за заштита на населението и инфраструктурата.

Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112“, велат од ЦУК.

Според УХМР, денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер кој ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Температурите ќе се движат од 13 до 19 Целзиусови степени.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositroketbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibomHoliganbetJojobetJojobetMadridbetBetparkPusulabetPusulabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbet