
Полската армија подготвува план за распоредување на околу 10.000 војници за заштита на критичната инфраструктура низ целата земја, изјави министерот за одбрана Владислав Косињак – Камиш.
Министерот дополни дека е одлучено да се заштити критичната инфраструктура низ целата земја, објави агенцијата ПАП.
-Планот се подготвува за земјата да може да се спротивстави на актите на диверзија и да го подигне нивото на безбедност за полските граѓани“, рече тој.
Машиновозач на линијата Варшава-Лублин во неделата наутро телефонски пријавил неправилности на железничката инфраструктура во регионот Жичина, а според полицијата во тој регион, прелиминарниот преглед на пругата открил оштетување на еден уште дел, што било предизвикано од експлозија.
Железничкиот сообраќај на двете делници на пругата Соболев-Жичин продолжи вчераутро по поправката на железницата оштетена од саботажата, соопшти полскиот министер за инфраструктура Дариуш Климчак.

Македонски








