Skip to main content

Во Библиотеката „Ион Креанга“ во Букурешт промовиран романот „Татковите книги“ од академик Луан Старова

Во Библиотеката „Ион Креанга“ во Букурешт, се одржа промоцијата на романот „Татковите книги“ од академикот и истакнат книжевник Луан Старова.

Настанот, како што се наведува во соопштението, беше организиран од издавачката куќа Аздрени од Крајова и асоцијацијата Лига на Албанците во Романија (АЛАР), во партнерство со Библиотеката „Ион Креанга“. На промоцијата присуствуваа пратеникот Богдан-Алин Стоика, д-р Раду-Космин Савулеску, претседател на АЛАР, д-р Луан Топчиу, координатор на Културниот центар на АЛАР, како и Radu Antohi, државен секретар во Министерството за образование и истражување на Романија.

Романот е објавен на романски јазик во превод на Каталина Франку. „Татковите книги“ важи за едно од најзначајните дела од прозното творештво на Старова, со над 20 преводи низ светот, што го позиционира авторот меѓу најпреведуваните писатели од балканскиот регион.

На промоцијата која се одржа вчера, присуствуваа и проф. д-р Ѓзиме Старова, сопруга на авторот, и проф. д-р Дита Старова-Керими, ќерка на авторот, кои изразија благодарност за вниманието и поддршката што делото на Луан Старова континуирано ја добива во Романија.

Поврзани вести