
Скопје се подготвува за најголемиот музички настан оваа есен! Популарната регионална ѕвезда Теа Таировиќ на 15 ноември, оваа сабота ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ со шоу какво што македонската публика досега не видела. Организаторите официјално потврдија дека специјален гостин ќе биде Сања Вучиќ, една од најмоќните вокали на Балканот. Но тоа не е сè, публиката ќе добие уште едно големо изненадување. Заедно на иста сцена со Теа Таировиќ, ќe настапи и уште една домашна музичка ѕвезда, чиј идентитет ќе биде откриен наскоро. Оваа најава веќе внесе дополнителна возбуда меѓу македонските фанови и предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Публиката во Скопје, оваа сабота ќе ужива во спектакл со врвна продукција, импресивна сценографија, танчерски тим, специјално креирани кореографии и визуелни ефекти кои ќе ја претворат арената во вистинска концертна магија.

Македонски








