
Фудбалерите на Црвена Звезда ја остварија својата прва победа во Лигата на Европа.
Во натпреварот од 4. коло на стадионот „Рајко Митиќ“, црвено-белите го победија францускиот Лил со 1:0 (0:0) со гол на Марко Арнаутовиќ од пенал во 85. минута.Тимот на Владан Милојевиќ има четири бода по оваа победа, додека Лил остана на шест бода.

Црвена звезда следниот натпревар ќе го игра дома против Стеауа од Романија.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во финишот од натпреварот. Мирко Иваниќ беше соборен од голманот на Лил, Берке Озер. Извршител од пенал беше Марко Арнаутовиќ во 85. минута.

Македонски







