Skip to main content

Викендов посетете го Есенското пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Мирисот на свадбарски купус, домашните специјалитети и шаренилото на есенските плодови утре ќе создадат вистинска селска атмосфера во Ново Село, Кумановско.

Во недела, 25 октомври, од 10:30 до 15:00 часот, во Туршијара „Суперкиз“ ќе се одржи „Есенско пазарче 2026“, настан кој ги обединува традиционалната храна, локалните производи, народните обичаи и грижата за природата.

Покрај свадбарскиот купус, посетителите ќе можат да уживаат и во понудата на локална храна и домашни специјалитети, во амбиент што ја слави есента и вредноста на локалното производство.

Фото: Рурал Ума Сто

Ако сте љубители на домашната храна посетете го ова “пазарче”.

Поврзани вести