Skip to main content

Борел: Путин и Трамп можеби имаат таен договор за Украина

Поранешниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел изрази сомнеж дека претседателоте на САД и на Русија, Доналд рамп и Владимир Путин можеби имаат таен договор околу решавање на војната во Украина.

Мислам дека Трамп и Путин имаат договор што го склучија во Алјаска. Трамп е задолжен да го убеди украинскиот претседаел Володимир Зеленски доброволно да го прифати тој договор или, пак, да го принуди да го стори тоа. Трамп не го направи тоа кога Зеленски дојде во Белата куќа затоа што имаше Европејци околу него кои го поддржуваа. Но, се чини дека го направи тоа за време на нивната последната средба“, изјави Борел.

Борел додаде дека тоа е причината зошто Трамп нема да испорача ракети Томахавк на Украина.

Трамп веројатно рекол: „Видете, оваа војна мора да заврши и мора да ја предадете територијата и тоа е тоа. Ако не го направите тоа, Русија ќе ве уништи“, вели Борел

Поврзани вести