Skip to main content

Промоција на играта „Синхроницитети“ во галеријата „Метаноја“

Галеријата „Метаноја“ најавува нова приказна во своите заложби за уметнички и книжевен придонес во културната сфера на Македонија. Од денеска, 5 ноември од 19 часот два галериски салони ќе се „огледуваат“ еден во друг.

Задоволството е уште поголемо што оваа приказна ќе почне да се „раскажува“ со промоцијата и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“.

Покрај Марко, има уште тројца чувари на приказната кои со зборовите, како со меч со две острици, ќе „сечат“ пат низ семантичкита џунгла: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Авторот Трпески за своето дело пишува, „Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.“

Поврзани вести