Skip to main content

Изложба и промоција на „Синхроницитети-чувари на приказната“ на Марко Трпески

Промоција и изложба на малата лабораторија за креативно пишување, промоција и изложба на друштвената или осаменичка игра Синхроницитети – чувари на приказната, дело на Марко Трпески ќе се одржи утре во 19 часот во книжарницата „Метаноја“.

Тајната на синхроницитетите со вас ќе ја споделат сега и засекогаш чуварите на приказната: Aна Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Ќе ви шепнат гласно за римиските средби на длабоката поврзаност на нешата со нашата субјективна перцепција и ќе ви ги откријат нивните портали до мултидимензионалноста на смислата.

Синхроницитетите и самиот процес на игра се клуч и калауз за отворање на еден невидлив простор, каде што симболите своеволно креираат значенски мапи што го дефинираат нашето постоење, а случајноста сама се прекорува себеси зашто сè уште толерира да ја нарекуваат случајност. Играта „Синхроницитети“ е мала лабораторија чија цел е зачмаените внатрешни пејзажи и монархијата на договореното свесно да ги насели со слободата на имагинацијата, која ќе изроди нова свежа реч!

Поврзани вести