
Американката Аманда Анисимова ја постигна првата победа на завршниот турнир кај тенисерките што се игра во Ријад. Таа ја совлада сонародничката Мидлтон Кејс со 2:1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2). Така двата денешни меча од второто коло од групата Б завршија со пресврт откако Елена Рибакина ја совлада Ига Швјонтек со 2:1 во сетови (3:6; 6:1 и 6:0).
По ваквиот денешен епилог мечот од 3.то коло меѓу Анисимова и Швјонтек ќе решава за полуфиналето, каде најблиску е Рибакина, додека Кејс има најмалку шанси.
Во другата група настапуваат: Арина Сабаленка, Џесика Пегула, Коко Гоф и Јасмине Паолини, а утре на програмата се мечевите: Сабаленка – Пегула и Гоф – Паолини.

Македонски








