Skip to main content

Патниците се молат – се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

Објавена е снимка од азербејџанскиот авион непосредно пред падот, на која се слушаат молитвите на патниците.

Триесет и осум луѓе загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан. Преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени. Видеата покажаа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау. Tengrinews објави видео од кабината каде што се гледа како горат маските за кислород, се слуша викање на патници и човек кој извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем). Авионот летал од Баку до Грозни.

Во авионот имало 42 државјани на Азербејџан, 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан, изјавија за РИА Новости.

Авиокомпанијата објави дека прелиминарната причина за падот на авионот е судир со јато птици.

Поврзани вести