
Турската државна компанија за одбранбена опрема „МКЕ“ потпиша договор за изградба на фабрика за проиводство на муниција на Косово, објавува „Дејли Сабах“.
Турскиот весник наведува дека производствениот капацитет на фабриката ќе биде 20 милиони куршуми годишно. Фабриката треба да биде завршена во 2026 година.
Како што е наведено во извештајот, според договорот, турската компанија ќе ѝ обезбеди на официјална Приштина машини за производство на патрони и куршуми, линии за полнење и склопување, како и лаборатории и опрема за тестирање.

Македонски








