Skip to main content

Мицкоски без дилема: Усмениот дел од правосудниот испит треба да биде на македонски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија.

Одговарајќи на прашање за барањата на студентите кои не прифаќаат решение за полагање на правосудниот испит на албански јазик што опфаќа 84 проценти, туку бараат целосно решение, Мицкоски рече дека не знае како се пресметани процентите, но дека ставот на Владата е јасен.

Тој нагласи дека правото на завршување високо образование на мајчин јазик и функционирањето на правосудниот систем се две различни прашања. Според него, писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој е стекнато високото образование, додека усмениот дел, во кој се симулираат граѓански и кривични спорови, треба да се одвива на македонски јазик.

Мицкоски се повика и на препораката на Венецијанската комисија во врска со тогашниот закон за јазици, посочувајќи дека треба да се почитуваат мислењата на меѓународните институции. Тој повтори дека македонскиот јазик останува заедничкиот официјален јазик на правосудниот систем во Македонија.

Поврзани вести