
Во организација на Центарот за културна деконтаминација Битола, во партнерство со Француската Алијанса Битола и Францускиот институт во Скопје, од 14-19 Октомври во Битола е присутен театарскиот уметник Matthieu POULET од Франција.
Гостинот од Франција кој е истакнат театарски уметник ќе одржи серија на работилници со професори по француски јазик од регионот на кои ќе им пренесе знаење и вештини како да користат театарски и визуелни алатки при учењето француски јазик. Истотака Poulet ќе одржи креативни работилнци со ученици од битолските училишта кои учат француски јазик на кои ќе им го претстави визуелниот проект „FAUNE“, кој ќе биде поставен на различни локации во центарот на Битола, кои ќе можат да се „доживеаат“ преку аплиакцијата за вируелна реалност.
Фауна е серија од 10 постери од голем формат што се откриваат со специјално создадена апликација за проширена реалност. Поставени во јавен простор, постерите ги охрабруваат луѓето да тргнат по траги на имагинарни животни, откривајќи ја, дивината што се крие на ѕидовите на нивниот град. Резултат на соработката помеѓу компанијата Adrien M & Claire B и графичкиот колектив Brest Brest Brest, Faune ја истражува средбата помеѓу печатениот и дигиталниот простор. Секоја од сликите крие пејзаж во кој се гнезди единствена животинска форма — фауна што нè набљудува, исто колку што и ние ја набљудуваме неа.
Инсталацијата е поставена на отворено и е наменета за сите возрасти. Таа претставува поетична и дадаистичка форма на ориентирање, која им нуди на гледачите можност со поголемо внимание да го набљудуваат своето секојдневно урбано опкружување и повторно да го откријат чувството на восхит во секојдневниот живот