Skip to main content
БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1946 ГОДИНА

„Oд сега натаму ќе почива во Скопје – главниот град на земјата за која тој го даде животот“

 Државниот архив на Македонија во соработка со НУ Конзерваторски центар Скопје организира изложба посветена на еден од најзначајните моменти во современата македонска историја: 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на великанот Гоце Делчев во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена вечер, во 18 часот, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде што почиваат посмртните останки на Делчев.

Заветот на Гоце Делчев, пренесуван низ децениите од неговите соборци, остана трајна обврска за Илинденската организација и за македонската држава: неговите останки да почиваат во главниот град на слободна и независна Македонија. Веднаш по ослободувањето на земјата, соборците и тогашните власти донесоа заедничка историска одлука дека се остварени сите услови за исполнување на овој аманет, со што посмртните останки на Делчев конечно беа вратени во татковината, велат од Државниот архив.

Изложбата претставува посебна посвета на историскиот пат на неговите останки, заветот на неговите соборци и зачувувањето на националната меморија.

Вака пишуваа бугарските медиуми во 1946 година за процесот на префрлување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија:

Пред минатата недела од Софија за Македонија беа испратени моштите на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, кој од сега натаму ќе почива во Скопје – главниот град на земјата за која тој го даде животот, пишува во исечокот од бугарскиот весник.

На потпишувањето на протоколот за префрлување на моштите бил присутен и тогашниот бугарски претседател.

Официјални потписници се претставници на Илинденската организација во Софија и двајца министри од македонската влада. Присутен бил и претседателот на Бугарија. Наредниот ден, 8 октомври, моштите тргнуваат за Скопје и намерно минуваат низ Пиринскиот дел на Македонија. Ние го одбравме тој датум за да биде симбол на зближувањето и соживотот на двата народа, целосно европски. Го предложивме за ден за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Секој кој ќе ги слушне противаргументите на другата страна за овој предлог ќе се смее, раскажа во една прилика професорот Ванчо Ѓоргиев, некогашен член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања.

Вчера, пак, контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски, побара коскитена Гоце Делчев да се вратат во Софија.

Поврзани вести