Проблеми со кожата
Шеќерот, пред сѐ, негативно влијае на состојбата на кожата. Тој ги предизвикува хормоните да создаваат повеќе кожна маст, која ги затнува порите. А резултат се мозолчиња. Кога ќе го намалите внесот на шеќер и слатки, кожата ќе ви биде многу поубава.
Постојани настинки
Задушувајќи го имунолошкиот систем, шеќерот ја влошува можноста на организмот да се штити од стрес и да им се спротивстави на компликациите од хроничните заболувања.
Нагла промена на расположението
Општо е прифатено дека слаткото го подобрува расположението. Тоа навистина е факт, само што тој ефект трае само неколку минути. А потоа нивото на шеќер нагло опаѓа, а и расположението заедно со него. Поради таквите скокови се нарушува хормонската рамнотежа и организмот лошо се бори со стресот.
Сонливост
Нарушувањето на сонот често е поврзано со апсорпција на гликоза. Поради наглите скокови на шеќерот се јавува чувство на сонливост и умор прекуден, а се влошува ноќниот сон. На пример, за појадок испијте шолја засладено кафе со некој кондиторски производ. Тоа ќе ви даде голем прилив на енергија поради нагло покачениот шеќер и инсулин во крвта. А потоа неизбежно следува нагло паѓање на неговото ниво. И, како резултат на тоа, се јавуваат слабост и сонливост среде бел ден, кога би требало да сте најенергични.
Често грицкање
Доколку постојно чувствувате желба за јадење, можно е во вашата исхрана да содржи многу прости јаглехидрати, а малку маснотии и белковини (токму тие се одговорни за чувството на ситост).
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ…
… комплетното откажување од слатки исто така негативно ќе се одрази на здравјето. Умереноста е клуч на успехот.
КОНСУМИРАЈТЕ…
… сложени јаглехидрати и маснотии наместо шеќер.