Skip to main content

„Жан Митрев“ Клиника со признание за медицински туризам на Меѓународниот саем во Нови Сад

Клиника „Жан Митрев“

Клиничката болница „Жан Митрев“ е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 27 до 29 ноември.

Ова признание претставува силна потврда дека „Жан Митрев“ Клиника се позиционира и е препознаена како реномирана дестинација за медицински туризам, со високи стандарди и иновативен пристап во државата, регионот, но и во светот.

фото: Клиника „Жан Митрев“ / На меѓународниот настан учествуваа околу 250 изложувачи од 10 држави, а Македонија беше држава партнер

Во последниве 25 години, во Клиниката „Жан Митрев“ остварени се 1,1 милиони посети од повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска, Швајцарија, Англија, Либија и многу други држави, а извршени се повеќе од 45. 000 оперативни зафати. Ова е доволен показател за највисоките стандарди што ги применува „Жан Митрев“ Клиника од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите, за што впрочем говори и последното признание за медицински туризам на саемот за туризам во Нови Сад.

На меѓународниот настан учествуваа околу 250 изложувачи од 10 држави, а Македонија беше држава партнер. Македонското Министерство за култура и туризам предводено од министерот Зоран Љутков достојно ја претстави нашата земја како привлечна туристичка дестинација пред бројните посетите.

Учеството на Саемот претставува значајна можност за меѓусекторско поврзување на приватниот и јавниот сектор, преку граѓански организации кои придонесуваат за развој, како и туристички агенции, угостители и хотелиери.

Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев остварени се 1,1 милиони посети од повеќе од 400 000 пациенти, а извршени се повеќе од 45 000 операции / Фото: Клиника „Жан Митрев“

Жан Митрев Клиника изразува благодарност за признанието, кое претставува потврда дека континуираната посветеност, врвната експертиза и довербата што ја ужива меѓу пациентите од Балканот и пошироко, ја прават вистински амбасадор на македонското здравство на меѓународната сцена.

Поврзани вести