Skip to main content

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани

Од Скопје денеска напладне полета лет за медицинска евакуација на болницата Каролинска, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница Каролинска, објави Амбасадата на Шведска на својата Фејсбук страница.

Оттаму додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје во болницата Каролинска.

Македонија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ и Шведска, заедно со останати земји-членки, одговори во рамки на потребите на Македонија. Шведска се солидаризира со Македонија по трагичниот пожар што се случи викендов во Кочани. Нашите мисли остануваат со сите засегнати, додава Амбасадата на Шведска.

Поврзани вести