Skip to main content

Во Белград на ВМА почина 24-годишниот Стојанче Стефанов, тој е 62. жртва од пожарот во Кочани

Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов, тој е 62-та жртва од пожарот во Кочани, сооошти Министерството за здравство попладнево.

Како што се вели во соопштението од МЗ, тој се лекувал на Воено Медицинската Академија во Белград.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад, се вели во соопштението на МЗ

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

На 16 март, во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која работела со фалсификувана лиценца загинаа сега веќе 62 лица од кои шест деца, а околу 200 беа повредени од кои 25 се деца.

Досега вкупно 45 физички лица и 3 правни лица се осомничени од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани.

Пожарот во неисправната дискотека „Пулс“ настана при користење пиротехнички средства на концертот на групата ДНК.

Поврзани вести